Македонија
24. September 2015 - 17:06

Јункер погрешил - Македонија и Србија ќе поделат 17 милиони евра помош

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, рано утринава за момент ги подгреа надежите на Македонците дека Европската унија конечно решила вистински да и помогне на Македонија. По завршувањето на неформалниот состанок на Европскио совет посветен на мигрантската криза, Јункер истакна дека шефовите на државите и владите се договориле да и дадат 700 милијарди евра помош на Македонија за справување со вој проблем.

- Отворивме повеќе фондови за да се стабилизра нашето непосредно соседство со до една милијарда евра за Турција и 700 милијарди за БЈР Македонија (ова повторете го уште двапати кога вели 700 милијарди за Македонија)

Но од Европската комисија денеска го поправија својот прв човек, напоменувајќи дека во однос на сумата за помош на Македонија, Јункер направил јазична грешка. Неговата портпаролка Мина Андреева на прес-конференција истакна дека Комисијата ќе даде 17 милиони евра во пакет за Србија и за нашата земја, а не 700 милијарди.

- Всушност, има седум во оваа бројка, која е 17 милиони и овој документ е онлајн и секој може да го прочита, а се наоѓа и во сите наши соопштенија и во официјалната комуникација за приоритетни акции што Комисијата ги усвои вчера. Ова е бројка што ќе ја мобилизираме за Србија и за БЈР Македонија - истакна Андреева.

Додека Брисел го боли глава како да ја смири воената реторика меѓу Хрватска и Србиај во однос на бегалците, кои си воведоа забрани за движење и на граѓани поради овој проблем, Унијата мора да се занимава и со исправање на својот често заморен и весел прв човек на Европкомисијата и неговите лапсуси.

– Гафовите на Јункер, кој за себе признава дека обожува алкохол и цигари само ги подгреваат проблемите со мигрантите на ЕУ. Во тој контекст, Советот на Унијата, на 8-ми октомври ќе организираат балканска конференција за мигрантскиот правец на министрите за внатрешни работи на ЕУ со своите колеги од Македонија и останатите балкански земји во Луксембург.