Македонија
12. January 2018 - 16:36

Јункер: Нема да има нови членки во следните 6 години

Ниту една од земјите кандидатки за членство не ги исполнува критериумите за да може да се приклучи на унијата во следните шест години. Претседателот на европската комисија од Софија  порачува дека мора да се внимава на земјите од западниот балкан, за да не се повторат настаните кои би ги  вратиле во годините од минатиот век.

На првиот состанок на комесарите по преземањето на бугарското претседателство, Борисов оценува дека најважно е да се внимава на поврзаноста, но и на соседите на унијата. Бугарскиот премиер се надева дека ќе успеат да го исполнат ветеното.

Идниот месец Јункер треба да ја објави стратегијата за приближување на западниот балкан, а во мај лидерите на земјите членки на ЕУ на самитот договорен во Софија ќе им ги пренесат пораките на лидерите од балканските земји. Пораките од Брисел за Македонија се јасни, решение на спорот со името, но и импелмаентација на итните реформски приоритети кои се неопходен услов за напредок.