Јункер: Не сум доволно запознаен со ситуацијата во Македонија за да ја коментирам
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска во Стразбур изјави дека не е доволно запознаен со ситуацијата во Република Македонија за да ја коментира.
- Не сум доволно запознаен за проблемите во ПЈРМ за да коментирам, рече Јункер на прашање на дописникот на МИА во однос на политичката криза во Македонија, во која Европската комисија, преку комесарот Јоханес Хан се ангажира отворено во нејзиното разрешување.
На прашањето за ситауцијата со бегалците на границата меѓу Македонија и Грција, кои упорно остануваат таму и чекаат да заминат за Европа, претседателот на Европската комисија крато одговори: „Не ми се допаѓаат настаните кои се случуваат на границата“.
Претходно, во своето обраќање пред ПССЕ, Јункер нагласи дека „ЕК направи се што е во нејзина моќ за да им помогне на бегалците. Договорот склучен меѓу ЕУ и Турција претставува еден дел од решението. Принципот на не-враќање ќе биде почитуван.“
Претседателот на ЕК, притоа најави дека ќе биде деблокирана дополнителна помош за да се задоволат итните потреби на бегалците од Сирија.
Ново на Сител
-
Расчистено двојното убиство во Стајковци
-
Напаѓачот на Фицо призна вина
-
Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, посредувала за добивање социјални станови
-
Костадиновска-Стојчевска: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет
-
ДИК најави седница за 14 часот
-
Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков
-
Попладнево состанок на претседателството на ДУИ
-
Земјоделците да ги заштитат посевите, повремените врнежи погодни за појава на плевели, болести и штетници