Македонија
27. December 2016 - 16:42

ЈСП: Студентите и пензионерите да ги продолжат билетите за 2017

Од први јануари во автобусите на ЈСП и Слобода превоз стапува на сила новиот електронски систем на наплата. Хартиените билети заминуваат во историјата, СКОПСКА  картичките ќе бидат задолжителни. Цената на билет за едно возење ќе биде иста без разлика дали картичката ќе ја користите во јавен или приватен авотобус. Пензионерите и студентите најдоцна до 31 јануари треба да ги заменат старите картички со нови и на тој начин повторно бесплатно да го  користат јавниот превоз.

Картичките чинат 150 за неперсонализирана и 200 денари персонализирана . Во првиот месец промотивно патниците ќе добијат по  5 бесплатни билети на својата картичка. Освен со СКОПСКА во автобус ќе може да се плати и преку мобилен телефон но цената на билетот  ќе чини 5 денари повеќе.

Со СКОПСКА ќе се стави крај на брканиците за патник повеќе,  ќе се подобри квалитетот на превозот и безбедноста во сообраќајот. ОД ЈСП информираат преку ГПС ќе се следи секое движење на автобусите, времето на поаѓање и пристигнување со што распоредот на линии ќе се утврдува  според потребите на граѓаните.