Јовица Тасевски - Етернијан на Саемот на книгата

Во рамки на Саемот на книгата, на штандот на НУБ „Св. Климент Охридски“, вечер од 18 до 19 часот, сите љубители на поезијата ќе можат да остварат средба со Јовица Тасевски - Етернијан и да добијат посвета на поетскиот избор „Синтакса на светлината“ објавен како том 91 од капиталниот издавачки проект 135 тома „Македонска книжевност“, како и на други книги од авторот.
Јовица Тасевски - Етернијан е афирмиран македонски поет, книжевен критичар и есеист. Автор е на шест поетски книги, две книги со критики и есеи и има составено две антологии.
Негови песни се преведени на петнаесетина јазици и објавени се во списанија и антологии во над дваесет држави. За неговата поезија се напишани повеќе позитивни критички осврти и студии од македонски и странски автори. Во објавените прилози и осврти во странство за песните на Етернијан се истакнува дека „се карактеризираат со впечатлива сликовитост, иновативен израз и збиен јазик со преплетени значења, алузии и неочекувани конотации“ („Виндмилс“, Универзитет Диакин, Австралија), „исполнети се со инвентивни и импресивни поетски слики“ и се одликуваат со „интелектуална и духовна длабочина“ („Бук Тајмс“, САД), неговите дела имаат „митски квалитети на сакрален текст“ и „извираат од моќна поетска имагинација“ („Калина Ривју“, Велика Британија), се нагласува дека „поезијата на Етернијан е мистична, елиптична, повеќезначна и се карактеризира со раскошна, уникатна и впечатлива сликовитост, која произлегува од стремежот кон бескрајноста“ („Рекурс о поем“, Франција) и дека пристапот на Етернијан кон пишувањето поезија е „многу креативен, сложен, интелектуален и духовен, при што во неговите песни може да се најдат длабочина и целосност какви што ретко се сретнуваат денес“ (д-р Шаменаз Шеик, „Болоџи“, Индија).
Јовица Тасевски - Етернијан го има добиено интернационалното поетско признание „Восхитувачки поет“ што се доделува во Индија за исклучителен придонес во современата поезија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Британското поетско друштво, Светското поетско друштво и почесен член е Австралиското поетско друштво.
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
