Џет-Сет
22. September 2017 - 10:31

Јоко Оно бара отштета од производителот на пијалокот „Џон Лемон“

Вдовицата на легендарниот „Битлс“, Џон Ленон и се закани на полска компанија со драконска парична казна, доколку не го промени името на својот пијалокот „Џон Лемон“, што асоцира на името на нејзиниот починат сопруг.

Адвокатите кои ги ангажирала Јоко Оно го известиле полскиот производител дека мора да плати по 5.000 евра дневно и дополнително по 500 евра за секое продадено шише од пијалокот, доколку не го сменат името.

Компанијата сфатила дека не станува збор за шега и веднаш го смени името  во „Он Лемон“.

Полската компанија тврди дека воопшто не се водела од идејата за користење на Ленон како заштитен знак. Меѓутоа, во маркетиншките материјали на брендот објавен на Фејсбук стои и фотографија од Џон Ленон со зборовите „let it be“, како и препознатливите очила со тркалезно стакло.

Адвокатите посочуваат дека компанијата е регистрирана во 2014 година, а заштитниот знак на Џон Ленон во 2016.