Јавното обвинителство ги отфрли тужбите против државата и градот Ница за атентатот на 14 јули
Јавното обвинителство од Ница ги отфрли тужбите против државата и градот Ница за загрозување на животи на други, поднесена од страна на 23 семејства и роднини на жртвите од терористичкиот напад по огнометот од 14 јули, јавува дописникот на МИА од Париз.
Оваа правна етапа беше чекана со нетрпение од жалителите, кои ги оспоруваа безбедносните мерки воведени за време на прославата на 14-ти јули.
Јавниот обвинител на Ница Жан-Мишел Претр оцени дека тој не може да земе „ниту еден факт да се ангажира некаква одговорност за кривично дело против никого“.
- Кривичниот законик предвидува до пет години затвор, но за кривичното дело кое е извршено, не е потребна само невнимателност или да се направи грешка, но мора да се биде свесен за значителен ризик, дека заштита од овој ризик е предвидена и дека одговорните свесно одлучија да не направат ништо. Ова не беше пронајдено во овој случај , изјави обвинителот на прес-конференцијата.
Одговарајќи однапред на забелешките на ужалените семејства, обвинителот рече дека неговата одлука може да биде предмет на жалба.
Вечерта на нападот, повеќе од 30.000 лица присуствуваа на огнометот. кога Мохамед Лахуеиж Бухлел, со шлепер намерно возеше кон насобраната толпа народ. Одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава.
Ново на Сител
-
Бостон прв финалист во НБА плејофот
-
Денеска ќе се одржи Конститутивна седница на парламентарниот состав 2024-2028
-
135 сообраќајни санкции во Скопје
-
Повеќе од 20 лица загинаа во големите бури во САД – 300 илјади луѓе останаа без струја
-
Министрите за одбрана на ЕУ ќе разговараат за помошта за Украина и одбранбената индустрија
-
Прва седница на новиот парламент во Техеран по смртта на претседателот на Иран
-
Советот за безбедност на ОН ќе одржи итен состанок по нападот во Рафа
-
Состојба на патиштата