Македонија
18. March 2016 - 16:07

Јавните обвинители ја повикаа Јанева да не бега од одговори за тоа што сработила

Катица Јанева избега од Советот на Јавни Обвинители. Специјалната обвинителка не се појави на седницата на советот на која требаше да го презентира отчетот за работењето на нејзината институција.Претседателот на советот истакна дека обвинителите одлуче да го одложат разгледувањето на отчетот на Јанева за во среда. Ова не е прв пат таа да не ја почитува оваа институција.Аневски не сакаше да прецизира кои се спорните точки од извештајот на Јанева. Но по неколкуте скандали кои избија во Специјалното Јавно Обвинителство таа има многу што да објаснува.

Јанева не и одговори на јавноста каде исчезнаа 500.000 илјади од над 1 милион телефонски разговори кои лидерот на СДСМ Зоран Заев тврдеше дека ги предал. Не одговори ниту за тоа зошто и покрај тоа што има стан во Скопје побарала нов. Не одговори ниту зошто во извештајот тврди дека нејзиното обвинителство има многу предмети а во исто време отпушти обвинители.

Специјалната обвинителка не одговори ниту за кривичните пријави за обвинителите кои работат во СЈО, а кои се товарат дека уценувале сведоци и нуделе поткуп. Не одговори ниту за неоснованите барања за притвор кои паднаа на суд.И покрај тоа што во извештајот за кој одби да одговара пред советот, Јанева тврди дека таа била транспарентна пред медиумите иако веќе подолг период освен што не се појави пред советот за обвинители таа ниту на медиумите не им одговара за спорните прашања.