Македонија
15. March 2017 - 16:31

Јавна седница на апелација за притворот на Сеад Кочан

Скопска Апелација е пред конечна одлука, дали ќе го прифати или отфрли решението за притвор на бизнисменот Сеад Кочан.

На денешната јавна седница, Специјалното обвинителство и одбраната на Кочан ги соочија аргументите ЗА и ПРОТИВ.

Одбраната на Кочан тврди дека тимот на Јанева во ниту еден момент не ги докажал сомнежите за сторено кривично дело, а Основниот суд издал наредба за притвор и издавање потерница уште пред решението да стане правосилно.

Според адвокатот, Кочан во моментов е на службено патување, а бегството е конструкција на Специјалното обвинителство чија главна цел е да го замолчи медиумот во негова сопственост.

Барањето за определување мерка притвор пак Специјалното обвинителство и натаму го темели со твредење дека Кочан е во бегство, дека во текот на постапката тој може да влијае врз вештаците и сведоците, но и дека може да го повтори делото.

Рокот во кој Апелација треба да ја донесе конечната одлука истекува денес, но се знае кога истата ќе биде објавена. Одлуката на овој суд е конечна.