Свет
20. February 2018 - 16:43

Јапонец доби старателство над 13 бебиња од девет сурогат мајки

Тајландски суд му додели на еден Јапонец старателство над 13 деца, кои ги добил со девет различни жени, и тоа заради финансиска сигурност и „убедливите докази дека толку деца немаат врска со трговијата со луѓе“.

Неименуваниот 28-годишен Јапонец, годишно, од една голема јапонска фирма добива повеќе од три милиони долари и, како што наведува пресудата, неговиот план е децата „да ги одгледува“ во Јапонија.

Адвокатот на момчето вели дека тој самиот израснал во големо семејство, а поради лични и професионални причини, сака децата да растат во Јапонија.

Случајот трае уште од 2014 година, кога тајландските власти откриле дека тој живее во вонбрачна заедница со девет жени и 13 бебиња.