Loading Video...
Свет
15. November 2023 - 12:54

Израелската војска влезе во комплексот на болницата Ал Шифа

Израелската војска успеа да влезе во комплексот на болницата Ал Шифа, кој важи за едно од главните седишта на Хамас. Официјален Тел Авив вели дека се работи за прецизно планирана акција во која се вклучени и тенкови, а причина за опколувањето на болницата е тоа што под објектот се наоѓа значаен опеативен центар на ХАМАС.

Израелските власти тврдат дека во болницата се доставени инкубатори и други медицински материјали, но и дека во болницата се наоѓаат здравствени екипи кои зборуваат арапски со цел лекување на повредените пациенти. 

Дел од светските медиуми обајвија видеа на кои може да се види дека и дел од болницата е погодена со граната, и дека се врши евакуација на пациентите.

Потврда дека израелците се во Ал Шифа даде и првиот човек на СЗО, Теодрос Гебрејзус, кој на платформата Х напиша дека е загрижен за упадот на Израелците.

Повторно изгубивме контакт со медицинскиот персонал во болницата. Ние сме исклучително загрижени за нивната безбедност и безбедноста на пациентите, напиша Гебрејезус.

Хамас пак обвинува дека САД му дале зелено светло на Израел да изврши масакр врз цивилите во болницата, и обвинуваат за неуспех на мисијата на ОН.

Молкот на Обединетите нации и предавството на многу држави и режими нема да го одвратат палестинскиот народ од лојалноста кон својата земја и нивните легитимни права, се вели во соопштението на Хамас.

Според последните информации од здравствени власти, од Израелска и Палестинска страна конфликтот во Газа досега однесе над 12.700 животи.