,,Изнајмувачи со срце‘‘ Нудат бесплатно сместување за деца со пречки во развојот оваа сезона во Охрид
Јадранот и Охрид нудат бесплатно летување на семејствата кои имаат деца со потешкотии во развојот.По примерот на Балканот и Македонија се приклучи во хуманата акција Изнајмувачи со срце формирајќи фејзбук група која има за цел да ги мотивира станоиздавачите .Лидија Ќосеска и Ивана Китевска се само едни од многуте охриѓани кои ни за миг не се двоумеле да ги отворат своите капацитети за оваа ранлива заедница тие пред камерата на Сител велат дека интересот е огромен неможејќи да им излезат на сите во пресрет апелираат на помасовно вклучување не само од страна на станоиздавачите туку и од превозниците маркетите и угостителските објекти.
Нема поблагородно чувство од тоа да им помогнеш на оние на кои им е најпотребно да предизвикаш насмевка на лицата на семејствата и нивните деца велат оние кои веќе бесплатно понудиле сместување.
Сите заинтересирани кои имаат деца со посебни потреби сè што треба да направат е да погледнат во понудите кои веќе се наоѓаат на групата да докажат каков проблем имаат за да не дојде до некои злоупотреби.
Оваа иницијатива под слоганот Не е се во парите со засилена брзина се прошири а потврда за тоа е податокот кој говори дека само за две недели од основањето на Балканската Фејзбук група во неа имаше повеќе од 5.000 членови додека македонската група за само два дена брои околу 700 членови.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар