Излегле од чајџилница па ги изрешетале - убиецот од Чаир сеуште на слобода

Во 22 часот и 26 минути во Единицата за информации и команда, во петокот било пријавено дека на улицата Лазо Трповски, имало пукотници. Полицијата информира дека полициски екипи од СВР Скопје веднаш излегле на местото на настанот, при што утврдено е дека настанот се случил во 22 часот и 20 минути во непосредна близина на чајџилницата „Диселдорф“.
Во пукотниците, 37-годишниот И. А. од селото Блаце, починал на лице место, а повреден е 52-годишниот Ќ.Л. од Скопје.
Пред настанот, како што информираат од полицијата, И.А. и Ќ.Л. биле во чајџилницата „Диселдорф“ и кога излегле од таму влегле во возило марка Пасат, кое било паркирано во непосредна близина. И.А. седнал на возачкото место, а Ќ.Л. на совозачкото. Откако го стартувале возилото и се придвижиле во насока од улицата Лазар Трповски во правец кон улицата „Втора Македонска Бригада“, од непосредна близина од страната на возачот, непознат сторител од огнено оружје испукал повеќе куршуми во правец на возилотo, при што со неколку куршуми смртно го застрелал И.А., а со еден куршум го ранил Ќ.Л. во левото рамо, по што избегал.
Засега нема приведен за убиството, а полицијата работи на случајот.
Ново на Сител
-

Институтот за македонски јазик доставил забелешки за Предлог-законот за високото образование
-

Сиљановска-Давкова: Одговорни сме кон јазикот како кон непроценливо богатство и моќно миротворно оружје
-

Врнежи од дожд во низините, снег на планините
-

61-годишник со 2,90 промили алкохол во крвта правел хаос во спортска обложувалница во Кисела Вода
-

Британска двојка осудена на 10 години затвор во Иран поради обвинение за шпионажа
-

Му продал лажен златен накит за 800 евра - измамен скопјанец
-

Му ветил социјална помош и стан, го измамил за 4.200 евра
-

Три лица од Судан нападнале и ограбиле 27-годишник во Кисела Вода
