Македонија
23. August 2015 - 15:01

Издаени потврди на 1.210 мигранти

Во изминатотот деноноќие издадени се потврди на вкупно 1.210 странски државјани, од кои 1.015 се од машки пол, 185 се од женски, 227 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 10 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил,информира МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.023, Ирак-66, Бангладеж–41, Пакистан-33, додека другите се во помал број.

- Во текот на денот не се регистрирани никакви посериозни инциденти, иако од страна на соседна Р. Грција, без никаква контрола, илегални мигранти се уште вршат притисок за влез во земјава, соопшти МВР.

Во изминатите пет ддена издадени се потврди на вкупно 43.631 странски државјани, од кои, 30.336 се од машки пол, 6.089 се од женски, 6.945 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 641 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Најглем делод нив 35.369 се државјани на Сирија, потоа следат од Авганистан-2.082, Ирак-2.056, Пакистан-1.241, Сомалија-564, Палестина-560, Конго-305, Бангладеж-292, Нигерија-158, Камерун-146, Еритреја-140, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.