Свет
18. January 2017 - 10:05

Издадени се 243 наредби за апсење на членови на турската војска

Турските обвинители издадоа наредба за апсење на 243 членови на војската во 54 окрузи во земјата во рамките на истрагата за осуетениот преврат во јули минатата година, пренесува БТА.

Осомничените се обвинети во врска со употреба на мобилната апликација „Бајлок“. 

Се тврди дека апликацијата била користена за комуникација ноќта, кога бил извршен обидот за преврат. 

Турските власти сметаат дека пучот на 15 јули е спроведен од страна на т.н. организација ФЕТО на Фетхулах Ѓулен, муслиманскиот проповедник кој живее во САД.