Избори во Германија: Историски рез во Бундестагот
Вчерашните парламентарни избори во Германија, предизвикаа „историски рез“ во Бунедстагот, бидејќи првпат во Втората светска војна во германскиот Парламент ќе седат и пртставници на екстремната десница, чија идеологија е блиска до нацистичката, оценуваат медиумите во своите осврти на изборните резултати во најголемата европска држава.
Францускиот „Монд“ смета дека иако германската канцеларка Ангела Меркел извојува убедлива победа на вчерашните избори, нејзиниот успех го помрачи постигнувањето на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД).
Весникот наведува дека иако Меркел обезбеди поддршка за четврти мандата на функцијата канцелар, сепак ќе треба да вложи многу напори за обезбедување стабилно парламентарно мнзоинство.
Париски „Фигаро“, пак, смета дека Меркел оствари „горчлива победа“, имајќи пред вид дека и претстои тешка задача за формирање на новата влада. Досегашниот коалициски партнер на Меркел, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) најави дека по четири години минати во нејзината владина коалиција, сега преферира да биде опозиција.
Францускиот „Прогес“ на истата тема оценува дека во такви услови, на Меркел ќе и треба да ги убеди либералите и зелените да изработат заедничка владина програма со нејзината Христијанско демократка унија (ЦДУ).
„Либерасион“ смета дека историскиот успех на АФД ќе претставува нов предизвик за Меркел во наредниот период, која и онака ќе има проблем да формира коалиција со либералите и зелените, кои имаат дијаметрално спротивни ставови по многу прашања.
Преговорите за формирање Влада би можеле да траат со месеци, бидејќи првпат по 1949 година партијата победник на едни избори во Геманија не е во можност веднаш да формира стабилно владино мнозинство, заклучува „Либерасион“.
„Росискаја Газета“ наведува дека по вчерашното гласање во Германија, ќе продолжи 12-годишноот владеење на Меркел, додавајќи дека изборите не ги одбележа само историскиот успех на АФД, туку и најлошиот изборен резултат на социјалдемократите.
Лондонски „Индепендент“ смета дека лидерот на СПД, Мартин Шулц доживеал тежко пораз на овие избори, констатирајќи дека првичниот раст на популарноста на неговата партија по неговото преземање на лидерската функција, бил од краток век.
Овој весник проценува дека ако Меркел не успее да ја формира „Јамајка“ коалицијата меѓу нејзината ЦДУ, либералната Слободна демократска партија (ФДП) и алијансата Зелени, би можела да се обиде да создаде малцински владин кабинет составен само од нејзините демохристијани.
„Гардијан“ оценува дека Меркел освои четврти мандат, иако нејзината ЦДУ забележа најлош изборен резултат од формирањето во 1945 година, Според весникот, и самата Меркел признала дека изборните „резултати не биле толку добри, колку што очекувала“.
Германски „Шпигел“, пак, смета дека изборната победа се претворила во „ноќен кошмар“ за Меркел, оценувајќи дека таа дури „заслужила пораз“.
„Франкфуртер Алгемејне Цајтунг“ прашува каде прогрешиле другите главни партии, со што дозволија АФД да стане трета политичка сила во земјата.
- Оваа партија сега ќе има значајно место во Бундестагот и нејзини претставници ќе раководат со (парламентарни) комисии. партијата сега ќе може да вработи стотици лица и со државни пари да ги промовира своите идеи, заклучува весникот.
„Рајнише пост“ наведува дека 24 септември 2017 година ќе биде запаметен како дека кој „го означи крајот на умерената повоена Германија во која владееше консензус“. - Земјата свртува в десно, смета дизелдорфскиот весник.
„Швабише цајтунг“ оценува дека губитникот на овие избори е Ангела Меркел, а „Берлинер цајтинг“ смета дека вчерашното гласање дефинитивно ќе ја промени Германија.
Ново на Сител
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец