Свет
31. August 2016 - 12:12

ИЗБЕГНАТА КАТАСТРОФА: Астероид кој не сме го приметиле за малку ја промашил Земјата

Астероид кој го носи името 2016 QA2, ја промаши земјата должина помала од четвртина пат до Месечината. Тоа овој астероид го става три пати подалеку од земјата, каде се наоѓа најдалечниот наш сателит. А никој не видел што доаѓа.

Како 2016 QA2 успеал така да се бутне? За овој астероид баш одговорот е дека има чудна орбита. Доста елиптична. што значи дека најчесто може да се најде околу Марс и Венера, но доста ретко во близина на земјата.

Многу загрижувачки податок е дека нема многу луѓе кои трагаат по потенцијално опасно астероиди. Американскиот конгрес и даде задача на НАСА да пронајде 90 проценти од астероидите поголеми од 130 метри до 2020 година, но американската агенција реши да не ја исполни оваа задача. Финансирањето за пронаоѓање астероиди е доста мало и многу телескопи кои можат да ги детектираат нема да бидат на пазарот достапни за неколку години.

Дури и НАСА да е на пат да го исполни ова барање, сепак овој астероид би им избегал, затоа што неговата ширина била од 15 до 30 метри. Астероидите со оваа величина се толку мали, што не постои начин да ги лоцираме, но можат да направат доста штети ако дојде до удар на Земјата. Челабињскиот астериод, кој експлодираше над Русија во 2013 година, оштети многу згради и повреди дури 1.500 луѓе. Овој астероид беше широк само 16 метри