Македонија
24. јуни 2016 - 19:24

Иванов во посета на МВР

Наместо да повикува на украински сценарија, насилство и спречување на изборите, Зоран Заев треба во судската постапка за случајот Пуч да ги обелодени сите факти и докази кои ги поседува за предизвикување граѓанска војна во Македонија.

Претседателот Иванов одговори на јавниот повик на опозицискиот лидер, да ги објави сите документи иинформации за опасноста од предизвикување граѓански немири во земјава.

 Зоран Заев е тој што повикува на украински сценарија, на користење на насилство. Тој ја споредува состојбата во Македонија со состојбата во Сирија. Тој е еден од учесниците во случајот „Пуч“ и на суд треба да ги каже и да ги прифати сите факти за тој случај – изјави Иванов.

Иванов попладево го посети и Министерството за внатершни работи, што претставува прва посета на високо ниво на оваа институција. Со министерот Чавков потенцираа дека мигрантската криза не е минато, а државава се подготвува за втор бран бегалци кој се очекува во текот на летото. Македонија покажа дека и покрај длабоката политичка криза, има капацитет да се справи и со безбедносните предизвици.

Покрај МВР, Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање, Иванов потенцираше дека во следниот период ќе биде во честа комуникација и со сите останати институции кои се вкучени во кризниот менаџмент за справување со мигрантската криза.