Иванов на претседателската сесија на Евроазискиот економски форум
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска ќе се обрати на претседателската сесија на 20. Евроазискиот економски форум, што се одржува во Истанбул.
На форумот што традиционално се одржува секоја година во Истанбул учествуваат актуелни и поранешни државници, претседатели, премиери, министри, истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, невладиниот сектор и бизнис заедниците од 40-тина држави.
Годинава Евроазискиот економски форум се одржува на тема „Човештвото на крстосница“, а ќе се дискутира и за предизвиците со кои се соочува Европската Унија.
Претседателот Иванов вчера се обрати на отворањето на форумот и порача дека Европа останува да биде суперсила на животниот стил.
- И, иако оваа суперсила сега е во криза, не смее да се заборави дека кризата е и можност за нови решенија, истакнал Иванов во обраќањето, информираа од Кабинетот на Претседателот.
Потенцирајќи го значењето на форумот шефот на македонската држава наведе дека со своите теми, дебати и идеи, влијае на политиките на државите бидејќи ги отвора перспективите и ги трасира патиштата за соработка меѓу државите и економиите од Европа и од Азија.
Организатор на Евроазискиот економски форум е Мармара фондацијата, група за економски и општествени истражувања која има за цел унапредување на односите меѓу ЕУ и земјите од централна Азија и Блискиот Исток.
Ново на Сител
-
Поради силни турбуленции повредени се 12 лица на лет на „Катар Ервејз“ на релација Доха-Даблин
-
Скопјанец почина косејќи трева во двор, го усмртил струен удар
-
Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка
-
Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец
-
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош
-
Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
-
„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“