Македонија
16. December 2015 - 14:42

Иванов на местото на Бонева во Анкетната за прислушувањето

Пратеникот Иван Иванов од ВМРО-ДПМНЕ е предложен од Комисијата за прашања на изборите и именувањата да стане член на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето. Тој доаѓа на местото на пратеничката Силвана Бонева, која попладнево, како што се очекува, Собранието треба да ја избере за член на Државната изборна комисија. 

На пратеничкото место на Бонева, според информациите од Државната изборна комисија, треба да дојде Мирјана Кузмановска од Изборната единица 4.