Македонија
18. January 2017 - 16:17

Италијанскиот десничар Антонио Тајани синоќа е избран за нов претседател на ЕП

Големиот пријател и поддржувач на Македонија Антонио Тајани е новиот претседател на Европскито парламент.

Тајани, кој доаѓа од редовите на Европската народна партија, каде припаѓа и ВМРО ДПМНЕ, доби 351 глас, додека неговиот сонародник Џани Питела од редовите на социјалистите и демократите 282 гласови, а вкупно 80 ливчиња беа неважечки.

Тајани победата им ја посвети на жртвите од земјотресот во Италија, на жртвите на тероризмот, на сите што страдаат од големиот студ или се без работа, на кои треба да им се посвети работата на Европарламентот.

Новиот Претседател кој беше избран во четвртиот круг од гласањето најави соработка со сите.

,,Ова беше демократска конфронтација и како што кажав денеска, ќе бидам Претседател на сите ќленови на Европскиот парламент, ќе го почитувам секој член и секоја група’’, изјави Тајани.

Тајани, кој пред неколку месеци беше во посета на ВМРО ДПМНЕ, во сите свои обраќања го користи уставното име на земјава

За време на посетата на Македонија Тајани се сретна и со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, при што разговараа за исполнување на стратешките цели  ЕУ и НАТО, продолжување на соработката и во рамките на Европската Народна Партија која ја подржува ВМРО-ДПМНЕ и актуелната политичка состојба. Тајани и тогаш повика на итно решавање на кризата преку демократски избори.

Новиот Претседател на Европарламентот за време на посетата на владеачката партија рече дека Македонија е на вистинскиот пат на економски прогрес и реформи.

Тајани кој претходно беше потпретседател на Парламентот, но и еврокомесар за индустрија и претприемништво, како и еврокомесар за транспорт, заедно со Доналд Туск и со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, е третиот демохристијанин кој се нашол на една од трите највисоки функции во ЕУ.