Балкан
8. April 2016 - 18:45

Исповед на сопругот на Јелена: Таа беше скромна ангелска душа - мајка, жена и голем пријател!

Зоран Марјановиќ, сопруг на убиената Јелена Крсмановиќ ексклузивно за Телеграф.рс дал изјава ден по нејзиниот погреб.
 
Марјановиќ, кој и понатаму е во шок и неверување, раскажува за својата сопруга, за нејзината необјавена песна посветена на нејзината ќерка Јана која Јелена требало да ја отпее истата вечер кога исчезнала. 
 
 
- Јелена беше ангелска душа. Мајка, жена и пријател, се во една личност. Тоа го знаат сите кои ја познаваа. Мене ми е криво што медиумите не беа тука кога стануваше збор за нејзиното враќање на естрадата, не реагираа како што реагираат сега, кога настрадa на ваков брутален начин - рекол Зоран за телеграф.рс.
 
Остана една необјавена песна на Јелена, која била спремана да биде нејзин следен сингл за оваа пролет.
 
- Јас ја финализирав. Постои испеана верзија. Требаше вечерта кога исчезна да ги испее вокалите и да ја заврши песната. Нажалост, остана се на тие демо вокали - рекол Марјановиќ, додавајќи дека песната ќе ја објави во јавност кога ќе дојде време.
 
Погледнете го целото интервју.