-->
-->
Ишингер: Патот на Македонија кон ЕУ и НАТО треба да биде одблокиран
-->
Патот на Македонија кон ЕУ и НАТО требаше одамна да биде одблокиран, смета претседавачот со Минхенската безбедносна конференција и поранешен германски амбасадор во САД, Волфганг Ишингер.
- Патот на Македонија кон ЕУ и НАТО треба да се одблкира. Тоа требаше одамна да биде сторено, вели Ишингер на неговиот твитер профил.
Тој коментираше на твитот на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров дека Македонија е еден од неколкуте примери на успешна превентивна дипломатија и оти по долго чекање време е за пробив на земјата во ЕУ и НАТО.
- Македонија е еден од малкуте примери на успешна превентивна дипломатија. Но запирањето на негативната динамика не е доволно. Време е да се искиристи приликата за забрзување на позитивната динамика и постигнување неповратен успех, вели Димитров кој на крајот му се заблчагодарува на Ишингер за одличната организација на Минхенската безбедносна конференција.
Шефот на дипломатијата Димитров заедно со вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска учествуваа на 54. Минхенска безбедносна конференција што се одржа минатата недела, која се смета за водечки глобален форум на кој се дискутираат за актуелните и идните безбедносни предизвици.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа
-
Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница
-
Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер
-
Избрани останатите 10 финалисти на Евровизија
-
Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли
-
Албанија и Србија со кандидатура за заеднички домаќин на Европското првенство за млади во 2027