Иса Мустафа: Србите во Косово не се загрозени и нема потреба Белград да ги штити
Премиерот на Косово Иса Мустафа изјави дека Србите во Косово не се и нема да бидат загрозени и нема потреба за заштита или одбрана од Белград, пренесува порталот Коха нет.
Оваа изјава следува по онаа на српскиот претседател Томислав Николиќ кој изрази подготвеност Србија да влезе со војска во Косово доколку тамошното српско население биде загрозено.
Овие изјави следуваат после најновото заострување на односите меѓу Белград и Приштина, откако вчера во Косовска Митровица не стаса возот од Белград поради можноста од избивање судири, пренесува Блиц.
Претседателот на Косово, Хашим Тачи на Твитер изрази надеж дека Србија ја научила лекцијата по провокацијата со возот.
„Се надевам дека лекцијата е научена од оваа провокација. Добрите соседи не настапуваат со екстремистички проекти, туку со дијалог“, порача Тачи.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи