Иран повторно ја предупреди Бугарија

Техеран денеска повторно ја предупреди Бугарија, која е членка на НАТО, да не дозволува користење на нејзината територија за израелски или американски воени операции против Иран и ѝ порача дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад.
– Немаме никаков проблем со бугарскиот народ. Сепак, јасно дадовме до знаење дека секое дејство кое според меѓународното право претставува поддршка на американско-израелската воена агресија врз Иран, воедно претставува и учество во чинот на агресија – изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи.
Тој додаде дека нема причина која било земја да биде загрижена поради Иран, „освен ако не му дозволила на агресорот да ги користи нејзините бази“.
– Иранските претставници многу јасно зборуваа за сериозноста во одбраната на иранската територија. Ние нема да правиме никакви отстапки во однос на агресорите – рече Багеи.
Тој додаде дека „Иран има право да го нападне изворот, односно местото на потекло на секој чин на агресија“.
– Претходно беше објавено, а извештаите и го потврдија тоа, дека неколку авиони за снабдување со гориво ја напуштиле бугарската територија. Како што признаа и бројни бугарски граѓани и политичари, одобрувањето на престојот на тие авиони во бугарската база е во спротивност со меѓународното право и претставува поддршка за воената агресија на Соединетите Држави и израелскиот режим против Иран – рече портпаролот.
Иран и претходно ја предупредуваше Бугарија да не им дозволува на САД користење на нејзините воздухопловни бази во војната.
Минатиот месец, бугарскиот парламентарен одбор за одбрана го одобри предлогот на владата со кој се овозможува привремено распоредување на американски авиони-цистерни за снабдување со гориво во воздух и на американски воен персонал во воздухопловната база Безмер. Ваквиот потег предизвика остра реакција и предупредување од Иран поради овозможувањето на американските воени операции.
Багеи тогаш изјави дека секое учество во планирањето или спроведувањето на таквите операции би претставувало соучесништво во „злочин на агресија и воени злосторства“. Тој го повика бугарскиот парламент да го одбие распоредувањето на американските сили.
Багеи денеска додаде и дека Иран „подолго време игра шах“, а во последните години „научил да игра и покер“, со што се осврна на развојот на воената стратегија на Техеран.
Ново на Сител
-

Уапсени двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага
-

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, вкупно 3000 можни стипендии
-

Скопје денеска имаше најстудено утро, локален дожд попладне и во текот на ноќта
-

Денеска е Митровден - празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј
-

САД нудат награда до 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма
-

Одбележани 130 години од изградбата на храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје
-

Трамп бара истрага против демократите, ги обвини за „кривично дело“
-

Крвав напад во Краков: Најмалку шест загинати, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот
