Македонија
8. јуни 2016 - 16:21

Инцидент за време на блокадите во Скопје

За време на денешното блокирање на крстосницата кај Соборниот Храм, од страна на демонстрантите организирани од СДСМ, СОРОС И БЕСА се случи сериозен инцидент. Порталот Курир објави видео на кое може да се види како опозициски активисти со тупаници и низа погрдни зборови го нападнаа и навредуваа урбаниот скопски лик Крис кој се обидуваше да се пробие низ метежот.

Ова е втор напад од страна на вандалите на СДСМ, кои пред само една недела физички нападнаа родител кој сакаше своето дете да го однесе на преглед на детска кардиологија. Додека таткото очајно го бранеше своето болно дете од насилниците кои физички го нападнаа и се обидуваше да се разбере со нив, болното дете и мајката во автомобилот доживуваа траума и ги гледаа навредите, свиркањата и физичките напади врз таткото кој очајно сакаше да помине.

Шарените демонстранти, кои речиси два месеци го парализираа градот во попладневните часови, сега започнаа да блокираат крстосници во сообраќајниот шпиц. Дваесетина автомобили беа паркирани на секоја од крстосниците, кај поранешна Треска, во Карпош 3 кај бензинската станица, кај Соборниот храм, Судската палата и кај Црвениот крст.