Имате студени раце и стапала? - Тие укажуваат на 4 здравствени проблеми!
Студените прсти на рацете и нозете се почеста појава кај жените отколку кај мажите. Таа е предизвикана од процес со кој организмот ја одржува температурата на виталните органи. Ако ова често се случува, може да укажува и на некои други, посериозни здравствени проблеми.
Анемија – Ако освен студени раце се јавуваат и некои други симптоми како замор и главоболка, треба да го проверите нивото на железо во крвта. Железото е главна состојка на хемоглобинот, молекули кои го пренесуваат кислородот во крвта и ’и даваат црвена боја.
Дијабетис – Студените дланки и стопала можат да бидат првите знаци за дијабетис. Оваа болест остава последици на крвотокот и нервниот систем и често е следен од овие појави. Ако постојано сте жедни, многу јадете а не ви се зголемува телесната тежина или слабеете, морате да направите контрола на нивото на шеќер во крвта.
Штитна жлезда – Забавената работа на штитната жлезда предизвикува забавување наметаболизмот, а честа појава е и студени екстремитети или чувство на студ. Уморот, летаргичноста, поспаноста, забавениот говор и движење, како и неподнесување на високи температури, се јасни симптоми за ова нарушување.
Стрес – Исто така и стресот може да биде причина за студени раце и нозе. Тој го зајакнува адреналинот, хормон кој се произведува во надбубрежните жлезди, ги стеснува крвните садови и циркулацијата е послаба.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор