Балкан
19. August 2015 - 18:48

Илјадници бегалци со траект се префрлаат од островите до Солун

Траектот „Елефтериос Венизелос“, кој го изнајми грчката Влада, денеска започна со префрлање на околу 2.600 сириски бегалци до Солун, бидејќи островите веќе не можат да се изборат со нивниот прилив, а здравјето на локалното население е загрозено.

Се претпоставува дека траектот ќе пристигне во солунското пристаниште утре изутрина со 1.700 Сиријци, кои се наоѓале на островот Кос, и уште 900 сириски бегалци кои биле на островите Калимнос, Лезбос и Лерос.

Во Солун бегалците ќе бидат ставени во автобуси и испратени кон границата со Македонија.