Идентификуван еден од бомбашите-самоубијци во Анкара
Турските власти идентификуваа еден од двајцата бомбаши-самоубијци, што вчера извршија напад за време на мировниот марш во Анкара, при што загинаа 95 луѓе, а 246 се повредени, објави провладиниот турски весник „Јени шафак“.
Весникот наведува дека врз основа на анализа на делови од телото и отпечатоци од прстите утврдено е дека напаѓачот бил маж на возраст од 25 до 30 години.
Во радиус од 1,5 километри од местото на експлозијата пронајден е прст, за кој се претпоставува дека е на еден од напаѓачите. Експертите од судска медицина пронашле и тело на кое имало голема концетрација на барут, што упатува дека е можно да е еден од бомбашите-самоубијци. Во моментот се прават ДНК тестови.
Истрагата утврдила дека напаѓачите користеле и ТНТ експлозив. Се уште никој не презел одговорност за нападот.
Во Турција е прогласена тридневна жалост.
Ново на Сител
-
Почна конститутивната седница на Собранието
-
Кучињата скитници „рак рана“ за штипјани
-
Викендов ќе се одржи адреналинскиот фестивал „SAMOKOV XTREME“ за промоција на убавините на Поречието
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Бендевска, потпретседателка на ЗНАМ
-
Гаши поднесе оставка во Алтернатива, утре ќе биде избран за собраниски спикер
-
Заседава раководството на СДСМ - Ковачевски нема да се кандидира, неколкумина подготвени да влезат во трка
-
ДИК го отфрли приговорот на ДУИ