Свет
3. November 2015 - 9:41

ИД плаќа по 10.000 евра за оружје од полицијата или армијата на Австрија

Австриските власти се во зголемна приправност откако од ОБСЕ добиле предупредување дека терористи на Исламска држава плаќаат по 10 илјади евра за разоружување полицајци и војници.

Австриските власти таа информација ја добиле од ОБСЕ и според дописот, ИД плаќа парична награда за службено оружје, објави Кронер цајтунг.

МВР и МО на Австрија издале интерно предупредување до своите службеници. – Ги предупредуваме сите единици да се грижат за сопствената безбедност и кон мигрантите да бидат внимателни, се вели предупредувањето.зш/09:08