Македонија
6. March 2018 - 16:18

И претседателот на Антикорупциска си поднесе оставка

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупција Игор Тантуровски ја предал оставката во Собранието.  Тој е вториот од анти корупоциска кој реши да поднесе оставка откако вчера тврдејки дека е поради здрастевни причини оставката ја достави Горан Миленков, актуелен член на комисијата и поранешен нејзин претседател.

Оставките доаѓаат една недела по објавувањето на внатрешниот ревизоиорски извештај кој го изготви УЈП и утврдила дека незаконски биле трошени буџетски пари од страна на членовите за патни и други трошоци.

Истрага за случајот отвори и јавното обвинителство по допрен глас од медиумите, а владеачкото мнозинство ги повика членовите на анти корупциската комисја да поднесат оставки.