-->
-->
И покрај тешката судбина на Беби Дол, пејачката повторно се соочува со тежок период во животот
-->
Алекс Тодоровиќ заврши на година дена во затвор бидејќи не плаќал алиментација за синовите од првиот брак Никола и Стефан и должи 15.000 евра.
Беби Дол и покрај се го фали својот поранешен сопруг Алекс Тодоровиќ, но и крие дека е осуден на година дена затвор.
Како што дознава српски Курир, судот донела ваква одлука бидејќи Тодоровиќ не плаќал алиментација за синовите Никола И Стефан, кој ги добил во бракот со поранешната сопруга Сандра, и должи 15.000 евра. Кога се развеле, судот добил одлука дека Тодоровиќ треба да плаќа 20.000 динари месечно, но не се придржувал на тоа.
- Сандра го тужеше својот поранешен сопруг. Тој правосилно е осуден на година дена затвор и четири години условно, зборува изворот за српски Курир.
Овие информации ги потврди и Сандра.
- Го покажа своето вистинско лице. Се што рече излажа. Пред три дена му испратив порака дека децата ќе дојдат кај него, а тој ништо не ми одговори. Никогаш во животот ни чоколадо им нема купено. Живеев со него десет години, го знам одлично, само измислува лаги. Ја обвинува мојата мајка, а жената нема врска со тоа што тој не се однесува одговорно, вели Сандра.
Сопругот на Беби Дол е уверен дека ќе се спаси од затворската казна.
- Точно е, осуден сум поради неплаќање алиментација, но тоа ќе биде решено. Работам на тоа. Не сакам ништо повеќе да зборувам на таа тема, кратко изјавил Алекс.
За потсетување, Беби Дол живее на работ на егзистенцијата, живее под кирија заедно со нејзиниот сопруг и нејзината мајка, ова случување тешко ќе го поднесе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан