Македонија
25. March 2024 - 16:40

И државниот ревизор нотираше: Студентите живеат во лоши услови

За лошиот стандард и условите кои ги добиваат студентите добија уште една потврда овојпат од државниот ревизор. Во извештајот на Државниот завод е констатирано дека нема регистар на студентски домови, бројот на легла значително е намален, условите во кои се хранат и живеат се оценети со 2ка. Слабости се утврдени и во системот  за доделувањео на парите за студентски оброк и за стипендиите. Нотирано е дека не постои ниту апликација, ниту начин како ќе се потрошат 140те денари и дали тие се трошат за исхрана на студентите.

Реалноста е уште посурова кога се во прашање условите во кои престојуваат велат од универзитетското студентско собрание. Сметаат дека со измени во законот за студентски стандард, ќе се најде брзо решение за подобрување сместувачките капацитети.

Ревизорите утврдија намалување на бројот на одобрени стипендии, а зголемување на бројот на апликации што укажува на голем интерес од студентите, но постоење на слабости во постапката на доделување на стипендиите.