Живот
24. January 2017 - 22:35

И Доналд Трамп поднесе оставка

Претседателот на САД, Доналд Трамп, дал оставка на стотина позиции во своите компании, покажува документот на Организација Трамп.

Во документот на 19 страни пишува: “Јас, Доналд Џ. Трамп, со ова давам оставка на секоја позиција која ја држам”, а понатаму се наведени повеќе од 400 негови компании. Писмото е потпишано од Трамп, а на него се наоѓа датумот 19-ти јануари, ден пред да ја даде заклетвата на местото претседател на САД.
donald-tramp

Шон Спајсер, портпарол на Белата куќа во понеделникот пред новинарите изјавил дека двајцата постари синови на Трамп целосно ги контролираат неговите компании.

Трамп на прес конференција на 11-ти јануари вети дека ќе го пренесе управувањето на бизнисите на фондот кој го водат неговите синови Доналд Џуниор и Ерик Трамп.

Алан Гартен, адвокат на Организација Трамп, рекол дека таа организација вработила и советници кои се занимаваат со етички прашања и правни регулативи.