Хуманитарни велигденски базари
Во соработка со Црвен крст на Град Скопје, во трговскиот центар „Капитол мол“ денеска, утре и задутре ќе се одржува хуманитарен велигденски базар на кој ќе учествуваат 15 ракотворци. Целта е да се помогне лекувањето на шестмесечното бебе Миа на која и е направена кардиохируршка интервенција во Софија.

Волонтерите на Црвениот крст вечер од 18 до 20 часот ќе одржат креативна работилница за деца, а граѓаните ќе имаат можност да донираат за Миа во касичка на Црвениот крст.
Ракотворците ќе изложуваат рачно изработени производи од чија продажба се издвојуваат средства за лекување на бебето. Работното време на базарот е од 10 до 21 часот.
По повод празникот, Велигденски базар денеска ќе организира и Општина Аеродром од 11 часот во дворот на црквата „Св. Пророк Илија“. Општината го организира базарот со Здружението на слепи и лица со оштетен вид Скопје.
- На базарот ќе може да се купат креативни домашно изработени ракотворби од членови на Здружението, односно солени и благи погачи, милиброд, велигденски јајца и други рецепти, кои го симболизираат најголемиот христијански празник Велигден. Целта е да се промовираат афинитетите и можностите на членовите на Здружението на слепи и лица со оштетен вид, а собраните средства ќе бидат наменети за социјално загрозените членови на ова здружение, соопшти Општина Аеродром.
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Кирил Темков
-

Нетанјаху и Трамп вo понеделник ќе се сретнат во Флорида
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен
-

На Макрон му веруваат само една четвртина од Французите, најмалку од 2017 година
-

Мурињо не дозволува трансфер во Барселона
-

Српските студенти во блокада за утре најавија акција за собирање потписи - „Распиши победа“
-

Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида, онлајн ќе разговара и со европските лидери
-

Вучиќ разговарал со Орбан за енергетската безбедност, му се заблагодарил за поддршката на Србија
