Хуманитарна помош за ранливите категории граѓани од Куманово и Старо Нагоричане
Прехранбени и хигиенски пакети за дваесетина социјално ранливи семејства од руралните подрачја на општините Куманово и Старо Нагоричане донираше хуманитарната организација „Крепост“.
Членовите на организацијата постојано нудат помош за најранливите категории граѓани, а донациите освен, прехранбени продукти, огрев и лекови вклучуваат и бесплатна правна, парична и друг вид на помош.
Според Христијан Георгиевски од „Крепост“, за семејство од Враготурце кое живее во трошната куќичка и кои имаат здравстевени проблеми членовите на организацијата им обезбедиле шпорет на дрва за студените зимски денови.
- За децата со посебни потреби од ОУ „Браќа Миладиновци“ од Куманово обезбедивме преку 50 пакетчиња со школски прибор за полесно да им минуваат училишните денови, а за семејствата од руралните средини од Старо Нагоричане обезбедивме единаесет донации со храна за да можат достоинстевно да ја дочекаат Бадниковата вечер и традиционалното Божикно утро со најблиските, рече Георгиевски.
Бројот на членови во организацијата постојано се згломеува и опфаќа различни категории, физички и правни лица, студенти, академски граѓани, средношколци, инспектори, адвокати, судии, полициски службеници, занатечии и домаќинки кои заеднички на сопатвена иницијатива помагаат на сограѓаните на кои помош во даден момент им е најпотребна.
Ново на Сител
-
Зеленски: Од примирјето за време на ЛОИ корист ќе има само Русија
-
Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“
-
Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе
-
Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување
-
На аеродромот во Минхен приведени осум климатски активисти
-
Предложен притвор за осомничен за двојно убиство во Стајковци
-
Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата
-
ИДФ: Во нападот врз Џенин елиминиран „влијателен екстремист“