Македонија
18. October 2015 - 9:39

Хуманитарен концерт на Битолскиот детски хор „Ѕвончиња“

 

Детскиот хор  „Ѕвончиња“ вечер во Битола ќе го одржи четвртиот по ред хуманитарен концерт „Пееме до ѕвездите“-  посветен  на македонската поп иконаТоше Проески.
 
Организаторите на вечерашниот хуманитарен концерт информираат дека „Ѕвончињата“ пеат за да се сочуваат од заборав песните на Тоше Проески, а собраните средствата ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
 
- Овој концерт е единствен од ваков вид во Македонија и е особено значаен затоа што е инициран и реализиран од деца, со голема љубов за нивниот и наш Тоше. Средствата собрани од претходните концерти беа донирани во Зоолошката градина, Музичкото училиште, Домот за доенчиња  и мали деца, а и годинава, собраните средства ќе бидат донирани во хумани цели, се посочува во најавата за вечерашниот концерт што ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура во Битола.