Хрватска Влада: Пресудата на Трибуналот не ги одразува историските факти
Хрватската Влада издаде соопштение во кое му изрази сочуство на семејството на генералот Слободан Праљак, кој денеска изврши самоубиство судницата во Хашкиот трибунал, откако му беше изречена казна од 20 години затвор.
Владата наведе дека многу одредби од пресудата на Хашкиот трибунал, со која вкупно шест водачи на босанските Хрвати беа осудени на казни затвор од 20 до 25 години се политички неприфатливи и не ги одразуваат историските факти.
- Хрватска ги потпиша спогодбите од Вашингтон и Сплит (Туѓман - Изетбеговиќ), со што беше овозможено користење на територијата на Босна и Херцеговина во заедничка борба против вооружените формации на српските сили. Со тоа беше обновена хрватско-бошњачката воена соработка. Врз основа на овој договор хрватската војска ја запре српската опсада на Бихаќ и спречи повторување на геноцидот од Сребреница. Понатаму, во сојуз со армијата на Босна и Херцеговина, хрватската војска ослободи голем дел од територијата на БиХ, со што ја запре војната и ја сврте рамнотежата на силите и придонесе да се потпише договорот од Дејтон, соопшти хрватската Влада.
Со пресудата од Хаг, хрватските сили се осудени за прогон на бошњачко население од делови на БиХ со цел да се создаде етнички чиста хрватска територија. Владата најави дека ќе ги испита сите можни правни мерки за да ја оспори пресудата изречена денеска од страна на Трибуналот, и дека ќе продолжи да работи на развој на добрососедски односи со БиХ.
Ново на Сител
-
Приведен поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески
-
Делегација од Бирото за јавна безбедност при МВР во посета на Генералниот Секретар на Интерпол
-
Украинските падобранци заробиле 21 руски војник во Курск
-
Татко пријавил дека неговата ќерка била силувана од момчето со кое била во врска
-
НСЗПА со отворено писмо до директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов
-
Двајца повредени во сообраќајка на патот Велес-Градско, во близина на Караслари
-
Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок
-
Зголемен бројот на деца заболени од варичела во Куманово