Македонија
16. April 2017 - 16:10

Христос воскресна - Навистина воскресна, христијаните го празнуваат најголемиот празник

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан точно на полноќ ја објави веста за Христовото воскресение – Велигден. Соборниот храм “Свети Климент Охридски” беше исполнет со  илјадниците верници кои присуствуваа на вечерната литургија. Со традиционалниот поздрав “Христос воскресна, навистина воскресна” и со кршење црвени јајца, верниците си го честитаа големиот празник.

И утрово свечена велигденска литургија се одржа во храмот “Свети Климент Охридски” со која чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Основната порака беше дека крајно време е луѓето да се свртат и да се вратат кон бога, Кој е единствениот пат, вистина и живот.

За верниците кои утрвото присуствуваа на свечената литургија, ова е најубавиот христијански празник кој го прославуваат во кругот на семејството.

Да се радуваме на животот, на сите добрини и убавини што тој ги носи, порача претседателот Иванов кој по повод Велигден, утрово присуствуваше на литургијата во Соборниот храм.

На утринската литургија присуствуваа и претставници на дипломатскиот кор во нашата земја. Порака за мир, здравје и благосотојба упати Амбасадорот на Руската федерација во Македонија.

По завршување на свечената литургија во Соборниот храм, традиционлано архиепискотпот охридски и македонски г.г Стефан  организираше велигденски ручек.