Хорор во Виена: Бегалец од Ирак силуваше 10-годишно дете од Србија
Австриските медиуми ја пренесуваат денеска изјавата на мајката на момчето, кое во Виена го силуваше бегалец од Ирак, која рече дека пред пет години дошла во Австрија од Србија како бегалец, пренесе Танјуг.
Таа наведе дека е мајка на пет деца и оти по доаѓањето од Србија како бегалец живеела во центарот на Каритас.
Таа истакнува дека нејзиниот син поради тој настан, што се случил минатата година, и натаму има трауми и не спие навечер.
Мајката рекла дека најмногу би сакала Ирачанецот да ја издржи казната во австриски затвор и потоа да биде протеран.
Според неа, иако има финансиски потешкотии, на синот на 2 декември му дала три евра да оди на базен по училиште.
Момчето на базенот запознал еден 15-годишник, во чија придружба бил човекот кој подоцна го силувал, додаде таа.
Австриската полиција вчера соопшти дека бегалецот од Ирак е уапсен бидејќи во декември силувал десетгодишно момче на базенот во Виена
Ново на Сител
-
Алтернативните форми на туризам се поактуелни на туристичкиот пазар
-
Тема на денот со Павле Воскопулос - „Виножито“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски се поблиску до 2/3 мнозинство во собранието
-
Официјална Атина продолжува да предупредува за непочитување на Преспанскиот договор
-
Детектор: Членството во НАТО ни ја зголеми безбедноста, но не го забрза патот до ЕУ
-
Јавен обвинител ќе го истражува хаосот со хирушките сали на Клинички
-
Лицата со дијабетес бараат референтни цени, а не тендери за инсулин и дијабетични помагала