Хорор: Потпален човек на антивладините протести во Каракас
Еден антивладин демонстрант, осомничен дека е крадец, бил жив запален за време на протестите во главниот град на Венецуела, Каракас на кои веќе 50 денови се бара оставка на претседателот Николас Мадуро.
Венецуелските медиуми јавуваат дека 21-годишниот Орландо Хозе Фигуера се здобил со изгореници по целото тело од 80 отсто, како и дека лекарите во болницата откриле убоди од нож.
Во текот на протестите во источниот дел од Каракас, во кои е потпален несреќниот човек, биле повредени други 46 лица.
Министерот за информации, Ернесто Виљегас напишал на Твитер дека станува збор за „растечко лудило“ во земјата.
Во градот Валера, во западниот дел од Венецуела, полицијата соопштила дека еден студент бил убиен, а други три лица биле повредени, кога непознат, вооружен маж, почнал да пука врз демонстрантите.
Вкупно 48 лица досега се убиени во текот на демонстрациите и уличните немири, за кои власта ја обвинува опозицијата.
Канцеларијата на државниот обвинител го потврди инцидентот со убиството на студентот, но не објаснува кој е човекот што пукал врз невооружените демонстранти во Валера.
Независно истражување, направено на интернет, покажува дека седум од десет граѓани на Венецуела се против актуелниот претседател Мадуро кој се обвинува за политичкиот хаос и за економско-финансискиот крах на земјата.
Венецуела има најголеми утврдени резерви на нафта во светот, но земјата нема пари за набавка на основните потреби на луѓето, вклучувајќи ја храната и лековите, затоа што економијата е целосно разурната.
Инфлацијата е највисока во светот и изнесува 700 отсто на годишно ниво.
Ново на Сител
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци
-
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ излегува на слобода
-
Касами: Добро оди целата процедура за договорање на следната влада
-
Внимавајте: Се шири линк до лажна веб страна на Владата која краде податоци за кредитни картички
-
Националниот ден на Власите - 23 Мај, неработен за припадници на влашката заедница
-
Поевтинуваат горивата ова се новите цени
-
Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на Средно Водно
-
До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи