Свет
26. March 2017 - 14:11

Хорор: Милицијата обезглави 42 полицајци

Милицијата  во Конго обезглави 42 полицајци откако им направи заседа во провинцијата Касаи, каде во последните неколку месеци насилството е значително зголемено. 

Претседателот на оваа провинција Франсоа Каламба наведе дека припадниците на милицијата Камвина Нсапу го извеле нападот на подрачјето помеѓу градовите Чикапа и Кананга.

Каламба истакна дека пропадниците на милицијата ослободиле 60 полицијаци бидејќи го зборувале локалниот чилуба јазик.

Милицијата Камвина Насапу се бори против силите на Конго од август минатата година, кога безбедносните сили го убија нивниот лидер.

Досега се убиени околу 400 лица, а ОН и организациите за заштита на човековите права ја предупредија војската на Конго да престане да употребува прекумерна сила.