Спорт плус
6. January 2016 - 16:34

Хиршер најбрз на слаломот во Санта Катерина

Австрискиот скијач Марсел Хиршер триумфираше на денешниот слалом што се возеше на патеката во Санта Катерина, Италија. Тој со одличното второ возење стигна до првото место и ја оствари 36.та победа во Светскиот куп. Хиршер по двете трки имаше време од 1:54.54 минута.
 
Второто место му припадна на водечкиот од пласманот за слалом Хенрик Кристоферсен од Норвешка, кој имаше 21 стотинка заосѕанување, додека на третата позиција заврши најдобриот од првата трка Русинот Александар Хорошилов, кој имаше 32 стотинки послабо време од победникот.
 
Во пласманот за слалом по три трки Кристоферден води со 280 бодови, пред Хиршер со 260, додека во генералниот пласман по 15.та трка Хиршер е прв со 721 бод, пред Аксел Лунд Свиндал (Норвешка) со 636.