Македонија
13. May 2017 - 11:21

Хашим Тачи: Изборот на спикер на Парламентот, почеток на решавањето на кризата во Македонија

Косовскиот претседател Хашим Тачи во интервју за хрватски „Национал“ задржувајќи се на политичката криза во Македонија вели дека изборот на Талат Џафери за претседател на Парламенот е почеток на решавањето на кризата.

Тој смета дека изборот на Џафери е целосно легитимен и додава дека многу брзо ќе биде формирана и новата влада.

- По сите случувања избран е претседател на Парламентот, Талат Џафери, кој е Албанец, Но пред се она што сакам да го кажам е тоа дека јас верувам оти Македонија е мултиетничка и европска држава, каде никој не може да ја дискриминира албанската заедница. Тие имаат свои лидери кои делуваат во согласност со законите на Македонија. Да направам една споредба - Србите во Косово се само 3 отсто а имаат многу повеќе права од Албанците во Македонија, кои се над 30 отсто, вели Тачи, додавајќи дека се гордее со правата што ги уживаат Србите во Косово.

Косово, оценува понатаму Тачи, има многу добри односи со Македонија и додава дека крзата во Македонија е политичка а не етничка.

- Изворот на оваа политика крза е во Скопје, каде што е и решението, а не во Косово или некаде надвор од Македонија. Сакам да кажам дека врз тоа нема влијание никој од надвор. Ние нудиме целосна поддршка за членство на Македонја во НАТО и во ЕУ и секогаш ќе работите во изгрдбата на што подобри добрососедски односи, нагласува Тачи.