Свет
22. November 2017 - 13:08

Харири: Засега го одлагам поднесувањето оставка

Либанскиот премиер Саад Харири денеска изјави дека засега го одлага поднесувањето на оставка, затоа што претседателор на Либан, Мишел Аун побарал од него да му даде простор за повеќе консултации. 

- Денеска ја поднесов мојата оставка до претседателот, но тој инсистира да почекам, со цел да добие време за повеќе консултации, така што ќе го прифатам барањето, објасни Харири. 

Либанскиот премиер наведе дека ќе соработува со Аун за да го „заштити Либан од околните конфликти“. 

- Апелирам до сите политички сили за вистинско партнерство во име на градењето силна држава, истакна Харири.