-->
-->
Харадинај до Рама: Развиј ја Албанија, не ни продавај ум нам во Косово
-->
Косово нема потреба од лекции од никого, рече косовскиот премиер Рамуш Харадинај коментирајќи ја изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за заеднички претседател на Албанија и Косово.
- Му кажав на Еди Рама дека може да си продаваме ум еден на друг колку што сакаме. Еди Рама ќе му помогне на Косово само со развој на Албанија, изјави Харадинај во Митровица.
Тој додаде дека нема смисла да се влегува во непотребни дебати „бидејќи сме браќа“.
- Но, треба да сфатат дека Косово има човечки капацитети луѓе, не може да доаѓаат да ни држат лекции. Го сакаме нашиот народ. Но, многу е позначајно да ги завршиме нашите обврски, посочи Харадинај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници