-->
-->
Хан: Не е мое да казнувам ако не го спроведувате договорот
-->
Не е мој стил да казнувам некого, но она што имаме се различни видови објекти за набљудување на имплементацијата на договорот од 15. јули и спроведувањето на препораките за итни реформи на Европската комисија.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, ова го посочи еврокомесарот за преговори Јоханес Хан во изјава по синоќешниот 12-ти состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Европската унија и Република Македонија.
Хан, исто така, посочи дека во однос на прашањето за името меѓу Македонија и Грција дека во моментов, поголема е одговорноста кај европското семејство.
- Не е мој стил да казнувам некого, но она што имаме се различни видови објекти за набљудување на импементацијата на извештајот на Прибе, како и европските препораки и работите што се договорени меѓу четирите главни политички партии, посочи наследникот на Филе за тоа што тој ќе преземе доколку некoја од политичките партии-потписнички на договорот од 15. јули не се придржува доследно до неговата имплеентација.
Според Хан, целиот договор е сега во јавната сфера и секој може да ја следи неговата имплементацијата.
- Нашата задача е повеќе да се грижиме за тие да почнат да имплементираат и подготвуваат работи во контролирано време пред крајниот рок. Крајниот рок е краен рок и не може да значи дека може да почнете да работите на одредено прашање на самиот ден, туку морате да почнете порано. Тоа е нашата главна задача, да ги придружуваме во напорите да постигнат и договорат крајни рокови на денот кога ќе се договорат. Значи, имаме меѓународни преговарачи во земјата, во Скопје, кои посредуваат во преговорите, го имаме и јавното внимание, па сум многу сигурен дека сите се целосно свесни за многу транспарентен процес,конкретен е еврокомесарот за преговори за проширување.
За тоа дали се уште има ризик за Македонија во однос на членството во ЕУ и НАТО во случај договорот од 15. јули да не се имплементира, Јоханес Хан со позитивен одговор и предупредување.
- Се разбира, секогаш има ризик додека ова што е договорено не е исполнето. Затоа ги повикувам сите политички партии денеска, како и клучните играчи, да бидат свесни дека договорот е само почеток на целокупното остварување и тој не е крајот, дециден е Хан.
Првиот човек за проширување на Европската унија ја отфрли можноста т.н. техничка Влада што во Македонија ќе треба да ги подготви изборите на 24 парил 2016 година, би имала за задача да го реши и проблемот со името со Грција, посочувајќи дека тоа е одговорност на други субјекти, префрлајќи ја топката на меѓународната заедница.
- Мислам дека тоа е дел од односите во соседството и јас сум среќен да набљудувам дека има некои движења, а се надевам дека ќе има повеќе посредници наесен. Мислам дека сите се свесни за развојот што Македонија го направи последните неколку години и сега има поголема одговорност и во европското семејство, посочи Јоханес Хан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп