-->
-->
Хамилтон по пет години победи во Белгија
-->
Светскиот првак Луис Хамилтон (Мерцедес) триумфираше на денешната трка за Големата награда на Белгија на патеката Спа Франкошампс. Тој водеше од почетокот до целта и единствено додека беше во „боксот“ не беше на првата позиција.
Второто место го освои неговиот клупски колега Нико Розберг, додека место на подиумот освои Роман Грожан (Лотус), кој стартуваше од деветото место и до претпоследниот круг се бореше со Себастијан Фетел (Ферари) за третото место. Но, тогаш на Фетел му пукна гума и го освои 12.место.
За Хамилтон ова беше шеста победа сезонава или 39.та во кариерата.
Во генералниот пласман Хамилтон е лидер со 227 бодови, пред Розберг со 199 и Фетел со 160. Кај конструкторите Мерцедес има 426, а Ферери 242.
Следната трка се вози на 6.септември за Големата награда на Италија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор