Груевски: Тие луѓе одвојувале за здравствено осигурување, а заради нечија негрижа изгореа во пламените јазици
По страшниот пожар во модуларната болница во Тетово во кој 14 лица загинаа, а 12 се повредени, се огласи и поранешниот премиер Никола Груевски.
„Изразувам длабоко и искрено сочувство до семејствата на загинатите во синоќешната трагедија во Ковид болницата во Тетово. Загубата на најблиски во семејството е ненадоместлива и не постојат доволно зборови за утеха.
Тагата е поголема кога ќе се помисли на околностите под кои нивните најблиски на многу болен начин ги загубија животите токму онаму каде очекуваа да им бидат спасени. Вистинска трагедија е што тие луѓе со години одвојувале дел од својата заработка за здравственото осигурување и за сè што треба да значи безбедност на нивните животи кога ќе дојдат тешки моменти, а сега, заради нечија негрижа и неодговорност изгореа во пламените јазици.
Одговорност, независна истрага и севкупна постапка мора да има.
Прашањата за широко распространетата неодговорност која произведува скандали и трагедии толку често, за незнаењето, непрофесионалноста и владеењето на медиокритетите над најнапредните во општеството се теми за поширока дискусија и причина за длабоки промени на општеството, но денес на овој тажен ден не е време за тоа“, напиша Груевски на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ излегува на слобода
-
Касами: Добро оди целата процедура за договорање на следната влада
-
Внимавајте: Се шири линк до лажна веб страна на Владата која краде податоци за кредитни картички
-
Националниот ден на Власите - 23 Мај, неработен за припадници на влашката заедница
-
Поевтинуваат горивата ова се новите цени
-
Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на Средно Водно
-
До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи
-
СДСМ во среда ги почнува подготовките за избор на ново раководство - закажан состанокот на Извршниот одбор