Груевски со уште еден мегапроект во земјоделието
Државата ќе им покрива 80% од трошоците на сточарите за набавка на високо приносен добиток. Максималната сума која може да ја добие еден корисник изнесува 10 милиони денари – пари со кои можат да се купат 100 крави Холнштајн , 1000 кози и 800 восоко приносни овци. . Во моментов поголемиот дел од добитокот е со мал генетски потенцијал , а со воведување на ваквата мерка струкурата треба значително да се промени. Земјоделците ќе имаат поголем принос кој ќе им носи двојно поголема заработка, подобар квалитет на млекото или месото, и поголема конкурентност на европскиот пазар.
Според пресметкитре, во просек од една македонскита крава, која дава 3,000 литри млеко - земјоделецот обезбедува годишен приход од 64,500 денари. . Со високо квалитетен добиток истиот земјоделец би добивал 8,000 литри млеко или неговата заработка би изнсувала 172 илјади денари, изјави Груевски. Повеќекратка корист ќе имаат и сточарите кои ќе набават овци и кози
-Кај овците, оние кој имаат постоечки карактеристики за нашето поднебје, периодот на лактација е 150 дена во кој период производство на млеко изнесува 75 литри. Приходите од ова би биле 3 112 денари. Додека за овците со висок генетски потенцијал, односно приносните млечните раси, (аваси, асаф, источно фризиска,) периодот на лактација е 180 дена, и даваат во просек од 260 до 300 литри млеко. Приходите би биле во истиот тој период 12 450 денари или повеќе речиси за 4 пати во споредба со расите на овци присутни во нашето поднебје изјави Груевски.
Ако просечната цена на една овца изнесува 250 евра, за набавка на 100, треба да плати 25 илјади евра. Со новата мерка 20 илјади евра или 80% ќе му покрие државата.
-Кози 3 пати поголем обем на производство на млеко од 600 до 650 литри, заработката би била 15 300 денари или околу 3 пати повеќе од вобичаените раси на кози кој се присутни кај нас. Високо приносните раси на кози чинат 200 евра по единка. На пример за 100 единки земјоделецот ќе треба да плати 20 000 евра од кој државата ќе покрие 16 000 евра.
Оваа мерка стапува на сила од јанури следната година и е само продолжение на претходно објавената, каде државата покрива 80% од трошоците за набавка на систенмот капка по капка.
Право на користење имаат оние земјоделци кои се евидентирани во регистартот на земјоделци
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
